Колумбискиот репрезентативец Хуан Квардадо е пред трансфер во Интер откако не се снајде најдобро во тимот на Челси во Премиер лигата.


Квардадо во зимскиот преоден рок за 30 милиони евра го засили шампионот на Англија од Фиорентина, но во првите шест месеци не покажа ништо, а и не добиваше многу шанса.

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо со едногодишна позајмица на Џузепе Меаца сака да го врати во натпреварувачки ритам колумбиецот, кој експлодираше на Мундијалот во Бразил.

За позајмицата „нероазурите“ ќе платат два милиони евра, а ќе имаат можност и целосно да го откупат договорот на колумбискиот репрезенативец.

Мх.П.