Поранешниот менаџер на Челси, Жозе Мурињо се уште не знае каде и дали ќе работи следната сезона. „Специјалниот“ често го поврзуваат со Манчестер Јунајтед и Валенсија, но нема никаква официјална понуда за сега.


– Пеп Гвардиола знае каде ќе работи следната сезона, а јас се уште не бидејќи немам договор постигнато со некоја екипа. – кратко одговори Мурињо на прашањето за ангажман во Манчестер Јунајтед и додаде. – Не сакам да разговарам на таа тема. Постојат многу сценарија, а ако речам јас нешто сите новинари ќе го извадат од контекст и ќе настане голема конфузија. Сега бидејќи сум без ангажман ги читам весниците, а кога ќе се вратам во фудбалот ќе го повторам мојот принцип да не читам весници.

Португалскиот стручњак во својата тренерска кариера ги има водено екипите на Порто, Интер, два пати Челси и Реал Мадрид.

OhridNews