Белгискиот репрезентативец Еден Хазад го продолжи договорот со Челси на уште пет години и ќе заработува по 200 000 фунти неделно.


Со новиот дупло побогат договор „сините“ најдобриот фудбалер во своите редови го „врзаа“ до 2019 година, а најзадоволен од ваквиот расплет беше Жозе Мурињо.

– Тој сега е голем играч, а сигурен и убеден сум дека еден ќе биде најдобар фудбалер во светот. Многу сум задоволен од неговото продолжување на договорот – рече Мурињо.

Во 147 настапи за екипата на Челси, Белгиецот има постигнато 43 голови и има запишано 46 асистенции.

Мх.П.