По 15-ет одигирани натпревари во Премиер лигата нема веќе непоразени екипи откако Челси го положи оружјето на Сент Џејмс Парк.


Њукасл предводен од Папис Сисе во нападот со 2-1 го совлада лидерот во Премиер лигата, Челси и му го нанесе првиот пораз сезонава.


„Страчките“ одиграа храбро во последните десет минути од мечот кога и останаа со фудбалер помалку.

„Сините“ преку Дидиер Дрогба постигнаа почесен погодок, но не успеаја да се извлечат од пораз.

Мх.П.