Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо, се согласил да го продолжи актуелниот договор на уште две години, пренесуваат англиските медиуми.
Како што се наведува, Португалецот, со новиот договор кој би имал важност до 2019 година, би заработувал 200.000 фунти неделно.
Мурињо го одработува својот втор мандат на клупата на ‘сините’ на која се врати во 2013 година. Тој со Челзи ја освои шампионската титула за оваа сезона, иако до крајот на првенството останаа уште три рунди.
Во првиот мандат (2004-2007), Мурињо со Челзи освои две шампионски титули во Премиер лигата.
„Макфакс“