Освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед го повлече првиот потег на трансфер пазарот ангажирајќи го шведскиот дефанзивец, Виктор Линделоф од португалска Бенфика.
„Црвените ѓаволи“ за услугите на репрезентативец на Шведска на шампионот во Португалија ќе му исплати 38 милиони евра плус некои дополнителни бонуси.
Дефанзивецот од Бенфика година дена беше желба на Жозе Мурињо, кој проба да го ангажира во зимскиот преоден рок, но не му успеа. 22-годишниот фудбалер активно учествуваше во успесите на „орлите“, односно во освојување на двојната круна во Португалија.
По завршување на работата со Линделоф, управата на Манчестер Јунајтед ќе се фокусира кон доведување на Алваро Мората, кој во неколку наврати изјави дека не е среќен во Реал Мадрид.
OhridNews