Португалскиот стручњак Жозе Мурињо и „црвените ѓаволи“ ја продолжија соработката. „Специјалниот“ како што го нарекуваат медиумите на островот Мурињо на Олд Трафорд ќе се задржи најмалку до 2020 година.

– Поставивме високи стандарди, освоивме трофеи во првата сезона, а очекувам да продолжиме со освојување на титули. Сите заедно во клубот работиме напорно за успешност на Манчестер Јунатед. Ги сакам моите играчи и задоволство ми е што ќе можам да работам уште три сезони минимум со нив. – изјави Мурињо.

Менаџерот на „ѓаволите“ ја пофали управата на клубот која успеа да го ангажира Алексис Санчез од Арсенал иако имаше сериозна конкуренција во Манчестер Сити. Во спротивен правец на Емитари замина Хенрик Мхитаријан.

OhridNews