Водечката екипа во шпанската Примера, Барселона ќе нема конкурент во обидот да го доведе фудбелерот на Атлетико Мадрид, Ентони Гризман во своите редови, откако од трката се повлече Манчестер Јунајтед.
Одлуката на Жозе Мурињо да се повлече од трката за Гризман е чудна и неочекувана со оглед дека Французинот беше една од големите желби на португалскиот стручњак. Англиските медиуми не ја отфрлуваат можноста овој потег да е некој трик на „специјалниот“ кој не така лесно се откажува од својот зацртан план.
Каталонците после откажувањето на „црвените ѓаволи“ треба да најдат заеднички јазик со Атлетико Мадрид за оштетата и со фудбалерот околу висината на платата.
Сепак, на Барселона нема и да биде така лесно да преговара со Атлетико Мадрид кој не така одамна го обвини клубот од Ноу Камп за тајни преговори со Гризман кои не се дозволиви во ФИФА.
Додека иднината на Гризман е неизвесна во Атлетико Мадрид сигурно од клубот заминува Јаник Караско кој доби дозвола од Диего Симеоне да бара нов клуб по нарушениот однос помеѓу нив двајца.
OhridNews