Љубителите на англискиот фудбал ќе мора да почекаат на меѓусебна пресметка на Жозе Мурињо како менаџер на Манчестер Јунајтед и Пеп Гвардиола како предводник на Манчестер Сити.


Градското дерби кое требаше да се одигра на 25 јуни за сега е одложено поради најавите за големо невреме во Кина каде престојуваат двете екипи.

Дуелот меѓу лутите ривали на теренот, Мурињо и Гвардиола ќе беше по пауза од четири години затоа сите со нетрпение ја очекуваат пресметка.

Сепак, мала утеха е распоредот во Премиер лигата кој на мегдан екипите на Манчестер ги однесе рано уште во 4-та рунда од шампионатот.

OhridNews