Фудбалерите на Челзи ја освоија титулата во Премиер лигата, петта во клупската историја, па поради тоа менаџрот Жозе Мурињо и Еден Азар ги добија наградите за најдобар менаџер, односно фудбалер за сезоната 2014/2015.

Мурињо, менаџер на годината беше прогласуван и во 2005 и 2006 година, а оваа сезона тимот кој тој го предводеше доживеа само три пораза во 37 натпревари.

Интересно е дека Мурињо оваа сезона ниту еднаш не ја доби наградата за менаџер на месецот, а се закити со епитот најдобар менаџер во сезоната.

Азар (24) е дел од Челзи од 2012 година, тој сезонава е најдобриот играч на ’сините’ на 37 натпревари имаше 14 голови и 9 асистенции.

„Макфакс“