Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо подготвен е на било каков начин да ги направи навивачите на Манчестер Јунајтед среќни и задоволни.


Но, и Португалецот порача поддршка од навивачите кои мораат да бидат ветар во грб за фудбалерите кои имаат обврска да го стариот сјај на Олд Трафорд.

– Повеќе од јасно ми е дека навивачите очекуваат многу од мене, но морам да кажам и јас очекувам многу од нив. Не е можно фудбалерите и стручниот штаб да биде среќен без љубовта и поддршката од навивачите. Не јас или некој фудбалер, сите заедно почнуваме ново поглавје во Манчестер Јунајтед. Затоа сите треба да бидеме сложни и сплотени. Дојде до некои играчки промени, но тоа не мора ништо да значи. Мораат сите да бидат како еден бидејќи никој во екипата, во ложата или на трибините не е поголем од Манчестер Јунајтед. – рече Мурињо.

„Специјалниот“ до сега доведе три нови имиња Златан Ибрахимовиќ, Хенрик Мхитаријан и дефанзивецот Ерик Бејли.

OhridNews