Актуелниот шампион во Премиер лигата, Челси го претрпе деветтиот пораз сезонава откако изгуби од лидерот на табелата Лестер (2-1) во последниот натпревар од 16-та рунда.
– Им напоменав на фудбалерите дека главниот квалитет на Варди е втрчувањето меѓу централните дефанзивци, а токму таков гол ни даде. Потоа, за вториот гол Махрез ја прими топката во казнетиот простор имаше долго време да размислува што ќе направи и го стори вистинското за неговата екипа. Затоа имам право да бидам разочаран затоа што четири дена тактички се подготвував за овој натпревар. – рече Жозе Мурињо.
Лестер со триумфот се врати на врвот од Премиер лигата додека „сините“ непрекинато тонат на табелата во елитата.
Ohridnews











