„Црвените ѓаволи“ освоија еден, но изгубија два бодови во дербито со Арсенал на Олд Трафорд кое заврши без победник (1-1). „Топчиите“ од пораз ги спаси Оливие Жиру со првиот удар кон голот на противникот во 89-та минута од натпреварот.
– Играчите во соблекувалната беа многу тивки. Ремито со Арсенал на домашен терен го дожиеаја како пораз. Јас им реков дека најлошо чуство е кога си разочаран поради лоша игра, а не поради резултатот. Во клучните моменти немавме среќа, сите го знаат тоа и фудбалерите треба да ги подигнат главите горе. – рече Жозе Мурињо.
Манчестер Јунајтед нема ниту време за жалање, бидејќи в четврток против Феенорд го играат одлучувачкиот меч во Лигата на Европа.
Жиру ја скрати радоста на Олд Трафорд (видео)
Фото: Мурињо и Венгер се ракуваа, но не се погледнаа
OhridNews