Лошиот старт на Челси во новата премиерлигашка сезона донесе радикални промени во екипата од страна менаџерот Жозе Мурињо.
Португалскиот стручњак на сите играчи и стручниот штаб им забрани на тренинзите и натпреварите да се смеат и шегуваат се додека не излезе екипата од резултатската криза.
Новите правила на Мурињо во соблекувалната важат од среда кога Челси на домашен терен во Лигата на Шампиони го пречекува израелскиот клуб Макаби Тел Авив.
„Сините“ во Премиер лигата се наоѓаат на 17-та позиција со четири бодови од пет мечеви во кои имаат претрпено дури три порази.
Мх.П.