Португалскиот стручњак Жозе Мурињо ќе го замени Луис ван Гал и ќе го преземе кормилото на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.
Како што пренесува германскиот „Bild.de“, Португалецот има потпишано договор со „црвените ѓаволи“ до јуни 2019 година.
Најверојатно, шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ ќе биде првото засилување на Португалецот по назначувањето за нов менаџер на Олд Трафорд.
Манчестер Јунајтед на чело со Ван Гал две години по ред не успева да се замеша за титулата во Премиер лигата, а сезонава имаа дебакл во Лигата на Шампиони испаѓајќи во групната фаза.
Трпението и довербата од навивачите одамна ги има загубено Ван Гал кој за ангажман на нови фудбалери потроши повеќе од 300 милиони евра.
OhridNews