Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос и фудбалерот за врска во Лестер, Дени Дринквотер се најновите две желби на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.


„Специјалниот“ не е задоволен од играта во одбраната од своите играчи и веднаш уште во зимскиот преоден рок ќе проба да го поправи тоа со нови две засилувања.

Капитенот на „кралевите“ еднаш беше поврзуван со трансфер на Олд Трафорд, но не бидна ништо од тоа, откако фудбалерот потпиша нов договор со Европскиот првак.

Трансферот на Дринквотер има поголеми шанси да биде реализиран бидејќи потенцијалниот англиски репрезентативец првите чекори во фудбалот ги направи во школата од Манчестер Јунајтед.

Цената на Дринквотер на пазарот изнесува 35 милиони евра додека Серхио Рамос има клаузула во договорот со Реал Мадрид од 45 милиини евра.

OhridNews