Лидерот на табелата Челси го продолжи походот кон титула во Премиер лигата победувајќи ја Астон Вила со 2-1. Херој на „сините“ беше Бранислав Ивановиќ, кој го постигна победничкиот погодок.


– Мислам дека Ивановиќ е најдобриот трансфер во историјата на Челси. Тој дојде во клубот откако јас заминав. Има големо срце, храбар и сака да се натпреварува. – рече португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Српскиот фудбалер во 66-та минута од далечина ја погоди мрежата на домаќините и донесе значајни три бодови за екипата.

– Секој напаѓач на светот би бил горд да постигне таков погодок каков што постигна Ивановиќ. Тој е неверојатен се повреди против Ливерпул и го одигра целиот натпревар, а веднаш потоа и со Манчестер Сити. – потенцираше Мурињо.

Ивановиќ на Стемфрод Бриџ пристигна во 2008 година од тимот на Локомотив Москва, а претходно настапуваше во ОФК Београд и Срем.

Мх.П.