Португалскиот стручњак Жозе Мурињо не ја искористи првата прилика експресно да се врати во фудбалот по отказот од Челси.


Мурињо ја одби отворената понуда од италијанскиот калчолигаш Рома која планира да го отпушти францускиот стратег Руди Гарсија.

Италијанскиот „Скај спорт“ пренесува дека челници од Рома веднаш отпатувале во Лондон, но договор не бил постигнат.

Англиските медиуми го токмат Мурињо за Манчестер Јунајтед по најновата бламажа на Луис ван Гал на Олд Трафорд.

Ohridnews