Шпанскиот првак, Реал Мадрид го елиминираше Манчестер Јунајтед и обезбеди пласман во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. Победата на “лос бланкос“ ја проследи контроверзната одлука на турскиот судија, Чакир да го исклучи Нани во 56-та минута.


– Подобриот тим ја заврши одисејата во Лигата на Шампиони. Ние сме среќни со пласманот понатаму, но повеќе очекував од мојот тим. Кога голманот на екипата е најдобар играч, тоа покажува дека не си играл многу квалитетно и не си доминирал на теренот. Не одигравме нешто специјално на Олд Трафорд, но тоа е фудбалот –
рече Мурињо.

Тренерот на “кралевите“, Жозе Мурињо несвојствено за него мирно го проследи натпреварот и го уживаше секој момент поминат на Олд Трафорд.

Мх.П.