Манчестер Јунајтед и официјално го промовираше Жозе Мурињо за нов менаџер кој со клубот од Олд Трафорд потпиша договор од времетрање три години.


Португалецот после потпишување на договорот го даде своето прво видување како менаџер на „црвените ѓаволи“.

– Водењето на Манчестер Јунајтед ми преставува голема чест и задоволство секако. Манчестер Јунајтед е најпознатиот клуб во светот и е со специфичен дух како никој друг во светот. Секогаш кога сум доаѓач му сум се восхитувал на Олд Трафорд, а многу ми е мило што ќе имам можност и навивачите да ги направам среќни. – рече Мурињо.


„Специјалниот“ од 2003 година наваму водејќи го Порто, Челси, Интер и Реал Мадрид има освоено 22 трофеи вклучувајќи две во Лигата на Шампиони.

На функцијата менаџер на Олд Трафорд, Португалецот го наследи Луис ван Гал кој заработи отказ пред почетокот на последна година од три годишниот договор.

OhridNews