Повратникот на Стемфрод Бриџ, Дидиер Дрогба постигна два погодоци во три дена и потсети на најдобрите денови минати во синиот дрес.


– Неговиот карактер е посилен од неговото тело и годините. Тој што го прави ова моментално е само поради карактерот. Ќе ја видиме рекацијата после двата погодоци, но без разлика тој е класа играч – рече Жозе Мурињо за Дрогба.

36-годишниот фудбалер постигна погодок на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед и во Капитал купот против Шревзбери.

– Новите и младите играчи имаат чест да играат со Дрогба. Тие треба да го следат неговиот пример и успехот ќе им биде неизбежен – додаде Мурињо.

По освојувањето на титулата во Лигата на шампиони 2012 година Дрогба го напушти Челси и замина во Галатасарај, но само по една сезона меѓу сините.

Мх.П.