Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, иако не е селектор на ниту една репрезентација, ќе биде дел од Светското првенство во Бразил и тоа како стручен аналитичар за сајтот „Yahoo“.

Португалецот потпишал договор а познатиот сајт и ќе биде глобален фудбалски амбасадор во текот на оваа година.

Покрај анализите на натпреварите, Мурињо ќе има и задача да објавува фотографии и видео записи кои ќе ги направи за време на Мундијалот.

„Ова е престижна работа. Истовремено, сакам да комуницирам со луѓето, да ги поделам своите идеи, особено во врска со Мундијалот. Значи,  не се работи за илјада луѓе кои секој ден купуваат весници или неколку милиони кои гледаат телевизија. Сакам уште повеќе. Како и секогаш ќе има и такви кои нема да се согласуваат со мене, но очекувам добра забава“, рекол Португалецот.

Светското првенство во Бразил ќе се одржува од 12.јуни до 13.јули.

„Макфакс“