Жозе Мурињо ја „скрши“ тишината и прв пат после отказот од Челси проговори за својата иднина и животот кој не може да го замисли без фудбал.
„Специјалниот“ деновиве поинтензивно се поврзува со Манчестер Јунајтед кој најверојатно ќе го ослободи Луис ван Гал од обврските по завршување на сезоната.
– Секогаш ми недостасува фудбалот, ми недостасува предизвикот кој го има секоја недела. Едно е сигурно ќе се вратам наскоро. Во овој момент незнам точно каде бидејќи неможиш да предвидиш, но домот на мојата фамилија е во Лондон. – рече Мурињо.
Според британските медиуми Португалецот има веќе преддоговор со „црвените ѓаволи“ и треба да го преземе клубот на 1 јули годинава.
OhridNews











