Шампионот во Премиер лигата, Челси се уште води преговори за ангажирање на Радамел Фалкао, кој имаше не успешна авантура на Олд Трафорд во дресот на Манчестер Јунајтед.
По завршувањето на сезоната „црвените ѓаволи“ не го откупија договорот и во вратија во тимот на Монако.
– Тажен сум затоа што луѓето поверуваа дека оној Фалкао што играше во Манчестер е вистинскиот. – рече Жозе Мурињо и додаде. – Колумбиецот е голем играч. Го пратев уште во Атлетико и сигурен сум ако успееме да го доведеме ќе му помогнеме да се врати во врвната форма.
Фалкао во 26 натпревари за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата постигна четири погодоци.
Мх.П.