Креаторот на незаборавната “триплета“ на Интер, Жозе Мурињо не ја исклучи можноста еден ден да се врати на клупата на нероазурите.

– Поминав две фантастични години во Италија, со мојот Интер. Незнам дали еден ден ќе се вратам, но ако тоа го направам ќе ми биде огромно задоволство – рече акутелниот тренер на Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, Мурињо е на излезната врата од кралскиот клуб. Медиумите во Англија, пак го токмат Моу за клупата на Челси.
ohridnews