Португалскиот стручњак Жозе Мурињо се впушти во лични преговори со фудбалерот на Вест Хем, Димитри Пајет за премин на Олд Трафорд во зимскиот преоден рок.


Како што пренесуваат француските медиуми, менаџерот и фудбалерот имале средба додека премиерлигашките возбудувања паузирале поради репрезентативните обврски.

29-годишниот фудбалер во февруари оваа година потпиша нов договор со „чеканите“ до 2021 година, но понудата на маса од „црвените ѓаволи“ може да промени многу работи.

Пајет, ја троши втората сезона во Премиер лигата, откако во 2015 од Олимпик Марсеј премина во редовите на Вест Хем.

Репрезентативецот на „триколорите“ исто така блесна на Европското првенство кое се одржа во Франција, а неговата селекција го освои бронзениот медал.

OhridNews