Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е крајно лут и револтиран од непослушноста на Пол Погба, кој не ги испочитувал наредби на Португалецот и клубот.
Лекарскиот тим на „црвените ѓаволи“ по завршување на минатата сезона му доставил програма за тренирање на Погба, кој не ја почитувал и со приватен тренер работел по друга своеволна програма.
Французинот ја повреди задната ложа на дуелот со Базел во Лигата на Шампиони и поради тоа ќе паузира од три до шест недели.
Мурињо е лут, бидејќи и минатата сезона поради иста повреда го загуби Погба во клучните моменти од сезоната.
Местото на Погба во почетниот состав против Евертон в недела во Премиер лигата се очекува да го пополни Маруан Фелаини или пак Андер Ерера кој сезонава не добива толкава голема минутажа.
OhridNews