Фудбалерите на Манчестер Јунајтед на новиот менаџер Жозе Мурињо му посакаа победничко добре дојде совладувајќи го составот на Виган со 2-0.


„Специјалниот“ пак, не штедеше за своите фудбалери кои иако против член на Чемпионшип одиграа одличен натпревар.

– Многу сум задоволен. Резултатот на вакви мечеви не е важен, но е добар за самодовербата на играчите. Среќен сум што успеавме да демонстираме некои работи кои ги договараме на тренинзите. Сите играчи кои настапија имаат позитивна оценка и само можеме да се држиме на патот по кој сакаме да чекориме. – рече Мурињо.


Покрај менаџерот неофицијално деби во дресот на „црвените ѓаволи“ имаа Хенрик Мкхитаријан и дефанзивецот Ерик Бејли.

– Мкхитаријан е голем играч и моментално се наоѓа во најзрелите фудбалските години. Брзо размислува и може да игра на неколку позиции. За настапот на Бејли не говорам јас ништо бидејќи навивачите си го кажаа своето. Тој е младо момче и само со напорно тренирање и добро играње може многу да напредува. – додаде Мурињо.


Манчестер Јунајтед следниот контролен натпревар ќе го одигра на турнејата во Америка на 22 јули против Борусија Дортмунд.

OhridNews