Младите играчи кои го напуштија лондонскиот клуб Челси пред почетокот на сезоната брилираат во сегашните екипи.
Кевин де Брујин е „алфа и омега“ во Волфзбург, Мухамед Салах е движечка сила на Фиорентина, а Жозе Мурињо ја најде вистинската причина за нивното продавање или позајмување.
– Некој играч да биде дел од првиот тим треба да биде 100% подготвен. Во нашиот клуб нема простор за опуштање и калкулирање. Им дадов шанса на некои фудбалери во Лигата на Шампиони кога имаше простор, но неможам да внесам млад играч кога победата ни е неопходна. Јас работам со младите играчи, правам се да го кренам нивното ниво, но тие неможат веднаш да успеат во Челси бидејќи секој натпревар се бара победа. – рече Жозе Мурињо.
Челси е на добар пат да ја освои титулата во Премиер лигата, а „сините“ во февруари триумфираа во Лига купот победувајќи го Тотенхем во финалето.
Мх.П.