Најуспешниот тренер во историјата на Интер, Жозе Мурињо и најдобриот фудбалер кој го носел дресот на „нероазурите“, Роналдо на мечот со Сампдорија на Џузепе Меаца ќе бидат специјални гости на трибините.
Италијанските новинари посетата на Мурињо во Милано ја искористија за интервју околу Масимо Морати, неговата иднина, можното враќање во Интер и моментално најпишуваниот текст за презамање на Манчестер Јунајтед.
– Никогаш не сум криел дека 2010 година е најубава во мојот живот. Но, таков е патот во животот јас заминав, а останав секогаш во блиски односни со Морати. Тоа и го обеќав кога заминував од Џузепе Меаца. Чувството тука е прекрасно и се надевам дека во Лондон ќе се вратам среќен не само поради посетата туку и победата на Интер. – рече Мурињо.
Околу неговата иднина и евентуалното враќање во Интер, португалскиот стручњак одговори. – Интер е мој поранешен клуб, но не и екипа. Тука нема ниту еден играч од моето време, сепак Интер e Интер секогаш за мене. Секогаш за Интер го говорам истото дека на Џузепе Меаца доаѓаш како професионалец, а заминуваш како заколнат интериста, така и јас. Во скоро нема да бидам тренер на Интер, а ниту го побараа тоа од мене. Во иднина, зошто да не ? Еднаш се вратив во мој поранешен клуб Челси, а немам против ниту во Интер. Сега моментално клубот има започнато нов проект со Роберто Манчини и не сакам да му ги расипувам неговите планови.
„Нероазурите“ добро ја отворија сезоната во Серија А, повеќе од десеттина натпревари беа лидери, но го загубија здивот во трката со Јувентус и Наполи кои се одлепија на врвот.
– Скудетото го освојуваат Јувентус или Наполи. Во овој момент двете екипи се натпреваруваат во Европа и тоа многу мотивирачки звучи, а не е некоја слабост како што многу го толкуваат тоа. И Фиорентина е одлична екипа со Соуза на клупата. Мило ми е што Милан и Интер полека се враќаат и Рома која исто така има нов проект. – истакна Мурињо.
Португалецот кратко одговори и на прашањето околу „сапуницата“ наречена Манчестер Јунајтед. „Специјалниот“ го промовираа за нов менаџер иако никој се уште не потврдил ништо официјално. – Не разговарам со вас новинарите околу ова прашање, но очекувам и имам некои контакти.
Во 2010 година Интер предводен од Мурињо на клупата освои тројна круна победувајќи во Серија А, Купот на Италија и Лигата на Шампиони. Во историскиот успех на „нероазурите“ директно учествуваше и македонскиот репрезентативец Горан Пандев кој на инсистирирање на Мурињо беше доведен од Лацио.
Мх.П.













