Потенцијалниот француски прволигаш Монако, според пишувањето на британскиот Даили Маил има големи планови во претстојниот преоден рок, а како најголема желба се споменува Жозе Мурињо.

Имено, францускиот клуб чиј сопственик е рускиот милијардер Димитриј Роболовљев, има голема желба клубот да го врати во врвот на европскиот фудбал – Монако во 2004 година играше во финалето во Лигата на шампиони.

Британскиот таблоид пренесува дека рускиот милијардер е подготвен на Мурињо да му понуди годишна плата од 14 милиони евра.

Добро упатените оваа понуда не ја разбираат како обична шпекулација, бидејќи Роболовљев има доволно финансиски средства, а Мурињо би добил „одврзани раце“ да состави тим по свој вкус.

Покрај Монако, од претходно е познато дека на својата клупа во следната сезона Мурињо го сакаат Челзи и Пари Сен Жермен.

“Макфакс“