Актуелниот шампион во Премиер лигата, Челси во Бирмингем со победата (3-2) над Вест Бромвич Албион стигна до првата победа во новата сезона.


„Сините“ во двете претходни рунди претрпеа пораз од Манчестер Сити 3-0 и ремизирааа пред своите гледачи со Свонси 2-2, а со победата на теренот од противникот го направија првиот победнички чекор во новата сезона.

– Многу се разочарани поради нашата победа бидејќи тие сакаат Челси да губи. Играта не беше драматична, не беше ни лоша, но реално четири бода од три меча не е доволно за клуб како Челси. Оваа победа е прва сезонава и се надевам дека од тука ќе направиме серија и ќе се доближиме до врвот на табелата. На своја кожа осеќаме дека се бориме против сите, но добро е кога победуваме. – рече Жозе Мурињо.

Со четири бодови „сините“ се наоаѓаат на средината од табелата, а лидер е Манчестер Сити кој има стопостотен учинок по трите одиграни натпревари.

Мх.П.