Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо напаѓачите, односно Ибрахимовиќ, Лингард, Рашфорд и Марсијал ги обвини за ремито (1-1) со Андерлехт во Белгија во првиот натпревар од 1/4 финалето.


Фудбалерите на Андерлехт со гол во финишот успеаја да го анулираат водство на „црвените ѓаволи“ кои не искористија неколку изгледни прилики за втор погодок кој сигурно ќе ги решеше сите дилеми во четвртфиналето.

– Имавме игра, имавме шанси, но не успеавме да победиме. Во ваквите натпревари мора да победуваме, а не да трепериме до крајот на мечот при минимално водство. За ремито се виновни напаѓачите кои немаат свежа крв и не постигнуваат голови кога ни е најпотребно. Тие не само што не беа на нивото туку беа и подолу. Да би бил јас дефанзивец многу би им се налутил на напаѓачите за перформансите на мечот со Андерлехт. – изјави Мурињо.


Реванш натпреварот во 1/4 финалето се игра следната недела, а Ибрахимовиќ и останатите играчи на Олд Трафорд ќе имаат шанса да го имспресионират својот менаџер.

OhridNews