Екипата на Челси ќе има тешка задача во новата премиерлигашка сезона да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Сите ривали на „сините“ значително се засилија што ќе ја направи неизвесна трката за тронот во Англија.
– На початокот кога Роман Абрамовиќ дојде во клубот, Челси беше тимот кој ги купуваше титулите. Сега сите други го прават истото. Нас ни преостанува да бидеме силни, да се бориме и да ги победиме повторно иако немавме големи инвестиции. – рече португалскиот стратег Жозе Мурињо.
Од 2011 година наваму екипата од Стемфрод Бриџ нема ангажирано фудбалер кој изнесувал повеќе од 30 милиони евра.
Последен фудбалер за кој „сините“ широко го отворија ќесето беше Фернандо Торес. Шпанецот од Енфилд во Лондон се пресели за 50 милиони евра.
Ohridnews