Португалскиот стручњак Жозе Мурињо ја продолжи студената војна со Арсенал и нивниот менаџер Арсен Венгер откако не дозволи преселба на Фил Џонс на Емирати.


Стратегот на клупата од „топчиите“, Венгер во името на Џонс гледаше решение за дефанзивните проблеми, но наиде на стариот (не)пријател со кој водат војна на зборови повеќе од една деценија.

Џонс кој на Олд Трафорд го доведе Сер Алекс Фергусон поради честите повреди не го покажа целиот потенцијал кој го красеше во Блекбурн.

Во почетниот дел од сезоната Џонс не е ниту помеѓу резервите во Манчестер Јунајтед, но очигледно Мурињо или го планира за во иднина или пак не сака да го засили својот голем ривал.

OhridNews