После победата над Марибор 6-0 фудбалерите на Челси одиграа уште еден маестрален меч победувајќи го Шалке 5-0 на жешкиот терен во Гилзенкирхен.


– Одигравме фантастичен натпревар без грешка. Екипата делуваше многу сигурно и пред се зрело на теренот. Не е нормално да победиш германската екипа со 5-0 и тоа во Германија. Иако имаме добар и компактен тим ние сме подготвени и да изгубиме бидејќи и поразите се дел од фудбалот – потенцираше после мечот португалскиот стручњак.

Со убедливиот триумф „сините“ го осигураа пласманот во нокаут фазата од првата позиција во групата.

Мх.П.