Често пати во англиската Премиер лига тимот што е лидер на табелата за Божик на крајот се радува на титулата. Овој пат првопласирана е екипата на Челси, а менаџерот Жозе Мурињо не и верува и не се потпира на традицијата.


– Тоа што се случувало во минатото сега не игра никаква улога. Ние сме први од почеток што значи дека добро играме и ја одржуваме нашата форма. За да сме шампиони треба така да продолжиме и овој период, во кој има доста тешки натпревари – рече Мурињо.

Водечкиот на табелата до крајот на годинава ќе игра со Вест Хем на домашен терен и против Саутемтон и Тотенхем на гостински.

Мх.П.