Судиските грешки во корист на Манчестер Јунајтед го одбележаа дуелот со Вест Хем на Олимпискиот стадион во Лондон кој „црвените ѓаволи“ го добија со 2-0.
Главниот судија Мајк Дин престрого во 15-та минута го исклучи Фегули по стартот над Фил Џонс, а Јунајтед вториот погодок со кој ја запечати победа го постигна од офсајд позиција.
– Не можам да го коментирам црвениот картон, бидејќе бев предалеку и не видов баш најдобро. Морав да научам во првиот дел од сезоната како да зборувам после поништениот погодок на Ибрахимовиќ и чистиот пенал против екипата на Кристал Палас. Затоа, не ми е жал за Вест Хем. Ако веќе зборуваме за судиски грешки ние сме шампиони. – рече португалскиот стручњак Жозе Мурињо.
Измените, односно Мата и Рашфорд беа клучни фигури во триумфот над „чеканите“ кој е шести во серија за „црвените ѓаволи“.
– Мата и Рашфорд останаа на клупата бидејќи на почетокот од мечот сакав друг интензитет. Кога влегоа во игра ни донесоа она што е потребно. Рашфорд е одлично подготвен, многу е брз и во крвта негова има ДНК од Манчестер Јунајтед. Тој во кариерата има многу среќа што може да работи со Ибрахимовиќ кој ќе остане со нас уште една сезона. – додаде Мурињо.
Со триумфот над Вест Хем, Јунајтед се изедначи со Тотенхем на петтата позиција во пресрет на дербито меѓу Тотенхем и Челси.
Јунајтед не запира, Вест Хем на менито од „црвените ѓаволи“ (видео)
OhridNews