Пресметка во ФА купот меѓу лидерот на табелата во Премиер лигата, Челси и бранителот на трофејот, Манчестер Јунајтед е една од најинтересните во четвртфиналето во најсторото клупско натпреварување во Англија.
„Сините“ пласман меѓу најдобрите осум изборија со триумфот (2-0) над Вулверхемптон, додека „црвените ѓаволи“ со победата над Блекбурн (2-1).
– Не реагирам никако за добивањето на Челси за наш следен противник во ФА купот, бидејќи не очекува реванш натпревар со Сент Етјен, а потоа финале со Саутемптон во Лига купот. Ние се бориме и во Премиер лигата за влез во ТОП 4 и Челси не ние моментално во фокусот. Тие веќе ќе почнат да мислат на нас затоа што не играат во Европа, а добри им оди во Премиер лигата. – изјави Жозе Мурињо по ждрепката во ФА купот.
Во средбата на Стемфорд Бриџ во рамките од Премиер лигата фудбалерите на Челси славеа со убедливи 4-0 над Манчестер Јунајтед.
ФА куп: Mега пресметка и локално дерби во Лондон
OhridNews