Вејн Руни се врати онаму каде што започна, односно во тимот на Евертон после 13-ет сезони минати на Олд Трафорд во дресот на Манчестер Јунајтед.
Помеѓу многуте луѓе кои го поздравија Руни беше и менаџерот Жозе Мурињо, кој не му даваше кој знае каква минутажа на англискиот репрезентативец минатата сезона.
– Не е тајна дека бев голем обожавател на Руни. Тој се уште за мене е модел на професионален фудбалер и во историјата на клубот секогаш ќе има место за него. – рече Мурињо и додаде – Никогаш не е лесно да гледате како голем фудбалер игра помалку од тој колку што посакува. Разговаравме и праша дали можи да се врати Евертон, јас не можев да му стојам на патот и одговорив потврдно.
Руни во редовите на „црвените ѓаволи“ пристигна 2004 година после Европското првенство во Португалија. За 13 минати сезони на Олд Трафорд, Руни освои 16 титули вклучувајќи пет во Премиер лигата и една во Лигата на Шампиони.
OhridNews