Португалскиот стручњак Жозе Мурињо не се откажува од можноста да го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед кој пак и по третата сезона од заминување на Сер Алекс Фергусон не може да се врати во колосек.


„Специјалниот“ испратил писмо на шест страници до управата на „црвените ѓаволи“ анализирајќи моменталната ситуација на клубот и играта на фудбалерите посебно.

По новиот пораз на Манчестер Јунајтед од Саутемптон на Олд Трафорд навивачите го исвиркаа менаџерот Луис ван Гал и повеќе не го кријат незадоволството од работата на Холанѓанецот.


Мурињо повеќе време се поврзува со „црвените ѓаволи“, но исто на листата потенцијални менаџери се наоѓаат Пеп Гвардиола и Лоран Блан.

OhridNews