Германскиот интернационалец во редовите на Манчестер Јунајтед, Бастијан Швајнштајгер доби непријатен поклон од Жозе Мурињо за 32-от роденден.


Португалскиот стратег на фудбалерот за врска му наредил да го испразни своето шкафче во соблекувалната и да се пресели во просториите каде што се сместени резервите на Олд Трафорд.

Популарниот „швајни“ минатата сезона во англиската Премиер лигата се пресели од минхенски Баерн, но не ги повтори игрите од дресот на „баварците“.

Сопругот на српската тенисерка Ана Ивановиќ најверојатно по новите случувања ќе се врати во Бундес лигата односно ќе го засили тимот на Шалке.

OhridNews