Експедицијата на Манчестер Јунајтед се врати од Кина, каде беше на мини турнеа, а место два одигра еден натпревар и го загуби (4-1) од Борусија Дортмунд.
Одложениот натпревар, но пред се поразот тешко му падна на Жозе Мурињо кој веднаш по враќањето од Кина одржал тренинг во базата од „црвените ѓаволи“.
Тренингот бил закажан во шест часот наутро, а до сега Португалецот немал ваква практика на работа во никој клуб претходно.
Неговите избраници шанса за поправен ќе имаат на 30 јули, кога во Гетеборг ќе одиграат контролен натпревар со турски Галатасарај.
OhridNews