Екипата на Манчестер Јунајтед на својот стадион Олд Трафорд ќе решава за пласманот во 1/4 финалето во Лигата на Европа, откако во првиот меч ремизираше 1-1 со тимот на Ростов.
„Црвените ѓаволи“ на крајно лошиот терен поведоа со 1-0 во првиот дел, а домаќините израмнија во второто полувреме за конечни 1-1.
– Ова беа многу добри перформанси од нас со оглед на условите на теренот и ремито е одлично. Невозможно беше да се игра подобро, невозможно беше да се има посед на топката, невозможно беше да се практикува пас игра. Одигравме онака како што налагаше теренот, никогаш не сум видел вакво нешто во професионалниот фудбал. Се сеќавам на вакви натпревари, но кога бев дете во некоја ниска лига во Португалија, тоа е вистинска борба. – изјави Жозе Мурињо.
Реванш натпреварот во Манчестер се игра следниот четврток.
OhridNews