Трофејот од Лигата на Европа или порано Купот на УЕФА недостасува во витрините од Олд Трафорд, а „црвените ѓаволи“ ќе имаат можност да го освојат во Стокхлом каде ќе сретнат со холандски Ајакс. Во полуфиналниот двомеч пулените на Жозе Мурињо го поминаа тимот на Селта со 2-1 вкупен резултатот.
– Далеку бевме подобар тим во првиот натпревар и тогаш не успеавме да ги отпишиме. Очекував ваков отворен натпревар, бидејќи тие немаа никаков притисок, додека ние моравме да мислиме и на противничкиот и на нашиот гол. Среќен ме прави пласманот во финалето, а трофеј по 14 натпревари во ова натпрерување ќе ме направи уште посреќен и благодарен на моците. – изјави после натпреварот Жозе Мурињо.
Португалскиот стратег ја искоментира ситуација во финишот од мечот, кога Баи и Ронкаља добија директни црвени картони. – Искрено, не го видов инциднентот меѓу фудбалерите, но без разлика Баи натпреварот го одлично и многу ќе ни недостасува во финалето. Баи во ситуацијата испадна наивен, но го разбирам, бидејќи не може секој фудбалер да ги скроти емоциите.
Мурињо се осврна и на Ајакс противникот на Јунајтед во големото финале. – Ќе биде многу тешко со Ајакс. Тимот е составен со млади играчи кои сакаат да играат, без разлика на противникот. Тие ќе имаат и повеќе време за одмор, бидејќи првенство им завршува овој викенд, а ние имаме уште три натпревари за одигрување.
Манчестер Јунајтед и Ајакс еден против друг во финалето во Лигата на Европа ! (видео)
OhridNews