Фудбалерите на Бурнмаут ги однесоа бодовите од Стемфорд Бриџ победувајќи го актуелниот првак Челси со 1-0. За „сините“ поразот од Бурнмаут е осми сезонава во вкупно 15 одиграни мечеви во Премиер лигата.


– Се надевав дека ќе влезе во некоја победничка серија, но претрпевме пораз и многу се разочарав. Имавме многу шанси, но ниту една нив не искористивме што очигледно е нашиот најголем проблем. Напаѓачите се добри, но за сега не си ја исполнуваат нивната работа да постигнуваат голови. – рече Мурињо.


Тој додаде дека Челси нема да купува играчи во зискиот преоден рок туку ќе мора да воигра овој тим кој лани ја освои шампионската титула.

Челси со 15 бодови се наоѓа на 14-та позиција на табелата, два помалку од Бурнмаут кој се наоѓа над „цртата“.

Ohridnews