Португалскиот стратег Жозе Мурињо го пикираше фудбалероте на Тотенхем, Ерик Дајер како прв фудбалер кој сака да го доведе на Олд Трафорд.
Членот на „петлите“ треба да биде долгорочно решение за средината од теренот и замена за Мајкл Карик кој после оваа или следната сезона ќе се повлече од активното играње фудбал.
„Црвените ѓаволи“ за услугите на англискиот репрезентативец подготвени се да платата 40 милиони фунти кои моментално ги бара и составот од Вајт Харт Лејн.
Карик кој беше незаменлива алка во мозаикот од Сер Алекс Фергусон во 2006 година на Олд Трафорд се пресели токму од Тотенхем, затоа Дајер го доби епитетот наследникот на Карик.
Покрај Карик во поново време трансфер од Тотенхем во Манчестер Јунајтед имаат направено Теди Шерингам и Димитар Бербатов.
OhridNews