Со отказ за Луис ван Гал и назначување на Жозе Мурињо за менаџер на Манчестер Јунајтед ќе заврши сагата која трае цела година на Олд Трафорд.


Мурињо чекајќи ја понудата од „црвените ѓаволи“ на маса имал договор за соработка со Рома, Интер, Реал Мадрид и англиските премиерлигаши Евертон и Арсенал.

Манчестер Јунајтед одлуката за ангажман на Мурињо ја донел по назначувањето на Пеп Гвардиола за менаџер на Манчестер Сити и изјавата на Маурисио Покетино дека не заминува од Тотенхем.

Како што пренесува англискиот таблоид „The Sun“, Златан Ибрахимовиќ ќе биде прво од неколкуте засилувања кои „специјалниот“ ќе ги доведе на Олд Трафорд. 

OhridNews