Лидерот во Премиер лигата, Челси прерано уште во првата осминафинална фаза ги заврши натпреварите во Лигата на шампиони. Неприминлива пречка на „сините“ беше Пари Сент Жермен, кој со „гол во гости“ обезбеди пласман во четвртфиналето.


– Нашите перформанси не беа на завидно ниво. Противникот беше посилен од нас и подобро се справи со притисокот. По исклучувањето одиграа машки бидејќи немаа што да загубат. Попуштивме кога најмногу требаше да издржиме и тоа тешко да се прифати. – рече португалскиот стручњак Жозе Мурињо.

Минатата сезона со идентичен резултат и на исти начин „сините“ обезбедија пласман во 1/2 финалето, а годинава среќата му се насмевна на „светците“.

– Лани загубивме 3-1 во Парис и пред своите гледачи одигравме во транс и успеавме да победиме со 2-0. Ремито 1-1 беше и е опасен резултат, а тоа се покажа и на овој натпревар, кој требаше и мораше да го решиме побрзо. – потенцираше Мурињо.

Мх.П.