Најновото засилување на „црвените ѓаволи“, Алексис Санчез со две асистенции во триумфот над Јеовил со 4-0 во ФА Купот дебитираше во дресот на Манчестер Јунајтед.

Чилеанецот кој одигра 72 минути асистираше до Маркус Рашфорд за водечкиот погодок на „ѓаволите“ и до Андер Ерера кој ја дуплираше предноста.

– Фантастично засилување кое нам ни донесе искуство и квалитет. Неговата асистенција за голот на Андер Ерера е нешто што млади играчи како Рашфорд не можат да го направат. – изјави Жозе Мурињо и додаде околу конкуренцијата во офанзивниот ред од екипата. – Добрите играчи посакуваат добри играчи во својот тим. Секогаш ќе се поставува прашање кој ќе биде изоставен, но тоа нема да биде проблем.

Сепак, вистинскиот тест за Алексис Санчез и „црвените ѓаволи“ ќе биде гостување кај Тотенхем во среда во рамките од Премиер лигата.

Алексис Санчез дебитираше во триумфот на „ѓаволите“ во ФА Купот (видео)

OhridNews